Уапсени 8 лица за замена на СИМ-картички на познати личности: Краделе пари, биткоини, лични податоци

од Nikola Popovski
245 прегледи

Британската полиција денес објави дека уапсила 8 лица во рамките на истрагата за кражба на телефони со замена на СИМ-картичките на американски познати личности.

Британската национална агенција за криминал (НЦА) објави дека спортските sвезди, музичари и нивните семејства се цел на измама во која криминалците добиваат пристап до телефоните или сметките на нивната жртва, според Ројтерс.

Ова им овозможило да украдат пари, биткоини и лични податоци, како и да ги хакираат профилите на социјалните мрежи на нивните жртви со цел да објават содржина и пораки, велат од НЦА.

Истрагата, во која беа вклучени американските тајни служби и Федералното биро за истраги (ФБИ), откри мрежа што работи во Велика Британија. Британската полиција соопшти дека осуммина осомничени на возраст од 18 до 26 години биле уапсени во Англија и Шкотска.

– Оваа мрежа беше насочена кон голем број жртви во САД и редовно ги напаѓаше оние за кои мислеа дека ќе бидат профитабилни цели, како што се познати спортски sвезди и музичари – велат од единицата за компјутерски криминал НЦА.

Заменувањето на СИМ-картичките значи дека сајбер измамниците ја преземаат контролата над телефонскиот број на жртвата во основа деактивирајќи ја нивната СИМ-картичка и пренесувајќи го доделениот број на СИМ кој припаѓа на една од криминалните банди.

Криминалците потоа ги ресетираат лозинките за апликациите, давајќи им пристап до контактите на нивните жртви, банкарските детали, е-поштата и профилите на социјалните медиуми.

Слични содржини