Во Шпанија се стравува од можно заминување на Лионел Меси од Барселона. И не се плашат само од Барса или Ла Лига. Во случај на заминување во странство, шпанските власти за четири години би изгубиле даночен обврзник вреден дури 370 милиони евра.
Иако Меси беше осуден за затајување данок пред неколку години, во следните години тој стана еден од најголемите даночни обврзници во Шпанија.
Ел периодико де Каталуња направи некои пресметки и откри дека од 2017 година, кога имало фараонско обновување на договорот што предизвика толку многу полемики во Шпанија, капитенот на Барселона и Аргентина им платил на даночните власти скоро незамислива бројка – најмалку 370 милиони евра, од кои 275 само за данок на доход.
Каталонскиот весник сугерира дека Аргентинецот ја чинел Барселона најмалку 555 милиони евра за четири години, но тој и платил многу пари на државата во име на даночните обврски. Земајќи ја просечната даночна пријава по глава на жител во Шпанија, пресметката е многу јасна – самиот Меси плаќа данок еднаков на даноците на 120.000 шпански даночни обврзници.
Сето ова објаснува зошто не само Барса или Ла Лига, туку и шпанските државни власти се плашат од можно заминување на Меси.
Да потсетиме, договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната и како слободен играч може да го напушти Ноу Камп. ПСЖ е најсериозен кандидат за негово доведување, а се почесто се споменува и Манчестер Сити.