Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека единственото решение за повеќедеценискиот спор околу Кипар е формирање на две држави на островот.
Тој додаде дека федерацијата за која се залага Атина нема да биде тема на претстојните разговори со посредство на Обединетите нации.
Лидерите на Грција и Кипар во понеделникот рекоа дека ќе го прифатат мировниот договор за Кипар само врз основа на резолуциите на ООН и ја отфрлија формулата за две земји, на која инсистираат Турција и кипарските Турци, пренесува Ројтерс.
Erdogan: no other solution to Cyprus issue but two states https://t.co/Oj0nvtCB7r
— Cyprus Mail (@cyprusmail) February 10, 2021
Разговорите под покровителство на ООН се закажани за во март.
Ердоган исто така им порача на пратениците од неговата партија дека не може да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и покрај продолжувањето на разговорите меѓу Грција и Турција за споровите во Средоземното море. Ердоган рече дека Мицотакис го „предизвикал“ и му рекол дека треба „да ги знае своите граници“.