Порака од Брисел до земјите-членки: Ако сакате руска вакцина, купете ја сами

од Nikola Popovski
349 прегледи

„Во оваа фаза, руската вакцина против коронавирусот Спутник V, не е дел од стратегијата за вакцинација на Европската унија, но членките на ЕУ ќе можат да ја купуваат независно доколку биде одобрена од регулаторот“, рече претставник на Европската комисија на брифинг во Брисел.

„Без разлика дали Спутник V ќе биде дел од стратегијата за вакцинација или не – земјите-членки на ЕУ и Европската комисија секогаш можат да разговараат за тоа“, рече официјалното лице.

Според него, еден од критериумите при избор на вакцина за централизирано купување во ЕУ е постоењето на производствени капацитети на територијата на ЕУ, што треба да го олесни пристапот до вакцината за Европејците и да ги минимизира ризиците од прекини во снабдувањето.

Во моментот, на пазарот на ЕУ се одобрени вакцините на компаниите „Фајзер / Бионтек“, „Модерна“ и „АстраЗенека“. Европската комисија исто така потпиша договор со компаниите „Џонсон и Џонсон“, „Санофи ГСК“, „Кјурвак“ за испорака на вакцини во ЕУ.

Претходно беше објавено дека Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе барање за регистрација на руската вакцина Спутник V во Европската унија на 29 јануари, а има потврда дека Брисел го примил барањето. Се истакнува дека од Европската агенција за лекови зависи колку брзо ќе се одобри барањето.

Да потсетиме, престижното научно списание „Лансет“ рече дека руската вакцина е безбедна и ефикасна која обезбедува целосна заштита од тешки случаи на Ковид-19. Третата фаза заврши клинички испитувања потврдија ефикасност на вакцината од 91,6 проценти.

Слични содржини