Кинеско вселенско летало без екипаж влезе во орбитата на Марс

од Stefanija Kuzmanovska
125 прегледи

Кинеско вселенско летало без екипаж успешно влезе во орбитата на Марс 6 и пол месеци откако е лансирано од Земјата, објави кинеската Национална вселенска агенција за првата независна мисија на црвената планета.

Кинеската национална вселенска агенција објави дека леталото успешно забавило до брзината со која било привлечено од гравитацијата на Марс.

Лансирана во јули од Кина, сондата ги испрати на Земјата првите фотографии направени 2,2 милиони километри од Марс минатата недела.

За приближно три месеци, Тијанвен-1 ќе се обиде да испрати ландер со ровер тежок 240 килограми во брзо седумминутно спуштање во областа наречена Утопија Планитија на северната хемисфера на Марс.

Ако спустот е успешен, роверот со соларен погон ќе ја истражува површината на Марс 90 дена, проучувајќи ја неговата почва во потрага по знаци на антички живот.

Користејќи специјален радар кој продира под површината на тлото, ќе испита дали постои вода и мраз под него.

Тијанвен-1, или „Прашања до небото“, по името на кинеска песна напишана пред две илјади години, е прва независна мисија на Кина на црвената планета по заеднички, но неуспешен обид со Русија во 2011 година, леталото да ја напушти Земјата орбита.

Слични содржини