„Кока-Кола“ најави дека ќе започне со употреба на шишиња изработени од целосно рециклирана пластика во САД, нејзиниот најголемиот пазар.
Во декември минатата година, активистите ја критикуваа „Кока-Кола“ како една од најголемите загадувачи на животната средина.
Соодветно на тоа, „Кока-Кола“ се обврза до 2030 година за секое шише или лименка кои ќе ги продаде да помогне да се соберат и рециклираат иста количина празни амбалажи од пазарот, и ќе ја користи онаа што содржи 50 отсто рециклиран материјал.
Исто така, компанијата прави напори до 2025 година да може да се рециклираат 100 отсто од примарните амбалажи кои ги продава на глобално ниво.
Овој месец, „Кока-Кола“ ќе започне со продажба на својот познат пијалок во нови рециклирани шишиња во избрани земји, а до пролетта и во Тексас.
Со префрлувањето на шишиња изработени од целосно рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад и да го намали јаглерод диоксидот.
Со оваа иницијатива, „Кока-Кола“ би ја намалила употребата на нерециклирани пластики за 20 отсто во Северна Америка, во споредба со 2018 година, пренесува „Кликс“.
„Ја прифативме оваа единствена можност и јасна одговорност да помогнеме во глобалната борба против загадувањето со пластика“, рече Алпа Сутарија, потпретседател на компанијата во Северна Америка, пишува „Ројтерс“.