Захарова: Навални нема совест

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека блогерот и опозиционер Алексеј Навални нема совест. Таа исто така рече дека ЕУ и НАТО отворено се мешаат во внатрешните работи на Русија, давајќи поддршка на протестното расположение на граѓаните.

Захарова говореше денес пред Комисијата на Дума, која ги истражува фактите за мешањето на странските земји во внатрешните работи на Русија.

„Би сакала да кажам дека западните медиуми, како и невладините организации дадоа поддршка или беа вклучени во кампањата: Амнести Интернешнл, кој го нарече Навални ‘затвореник на совеста’. Тоа е оксиморон – човек кој нема совест не може да се нарече ‘затвореник на совеста’ затоа што лаже“, рече Захарова.

Таа исто така рече дека Русија не може да ги толкува активностите на вклучените земји освен како активности спротивни на меѓународните правни принципи и како „обид за несовесно користење на информативни ресурси со цел мешање во внатрешните работи на други земји“.

Захарова исто така рече дека НАТО и ЕУ отворено се мешаат во внатрешните работи на Русија, пружајќи поддршка на протестното расположение на населението.

Слични содржини