143
Соединетите држави ќе воведат санкции против одговорните за воениот удар што се случи на први февруари во Мјанмар, објави денеска американскиот претседател Џо Бајден.
Бајден рече дека Вашингтон оваа недела ќе ги утврди главните одговорни лица, како и дека ќе воведе построга контрола при извозот во Мјанмар, објави „Ројтерс“.
САД се подготвени да воведат дополнителни мерки, рече претседателот на Соединетите држави.
Власта во Мјанмар ја држи армијата, која со државен удар ја симна од власт премиерката Аунг Сан Су Ки.
Таа се наоѓа во притвор и полицијата покрена обвинение против неа.