Одложен настанот за примањето на 8.000 вакцини кои утре на граничниот премин Табановце требаше да пристигнат од Србија, а истите требаше да ги донесе српскиот претседател, Александар Вучиќ, односно да ги прими нашиот премиер, Зоран Заев.
Причината за одложувањето е потреба од усогласување на техничка документација околу доставувањето се вели во владиното соопштение. Во продолжение е наведено дека настанот се одложува за друг датум во текот на следните денови, за што, како што велат од Влада, дополнително ќе ја известат јавноста.
Се работи за пратка од осумте илјади Фајзер вакцини кои Србија се понуди да ѝ ги отстапи на Македонија, но премиерот Заев рече дека ќе ги платиме по набавна цена. Оваа беше договорено пред речиси еден месец, но се чекаше дозвола од производителот „Фајзер“ за вакцините да бидат испорачани во Македонија.