Почина Лери Флинт, магнат на порно-индустријата кој ја потресе Америка

од Nikola Popovski
262 прегледи

Контроверзниот издавач на списанието Хаслер, Лери Флинт, почина во Лос Анџелес на 78-годишна возраст.

За 50 години, Лери Флинт беше едно од најважните имиња во индустријата за забавата за возрасни, но светската слава ја постигна само за време на спорот со американските власти околу слободата на изразување.

Тој спор е опишан во филмот „Луѓето наспроти Лари Флинт“, во режија на Милош Форман. Во тоа достигнување Вуди Харелсон го глумеше Флинт.

Тој почина во средата вечер откако срцето му откажало, пренесуваат американските медиуми.