Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Процесот продолжува со сослушување на сведоци предложени од одбраната, а за денешното рочиште е повикан и поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.