Песната што го прослави, му го уништи животот: „Работите излегоа од контрола“

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Иако е присутен во светот на музиката од 1994 година, американскиот пејач Робин Тики (43) стекна слава со синглот „Blurred Lines“, а спотот за песната ја лансираше во орбитата Емили Ратајковски (29) . Но, додека целиот свет беше опседнат со „заразната“ мелодија на хитот на Робин, тој вели дека буквално пропаднал на приватен план.

– Мојата популарност започна да претставува товар. Мислев дека можам да се справам со сето тоа, бев толку арогантен. Овој опасен виор на слава ме „всиса“, станав зависник од лекови против болки, исто така се препуштив на алкохол, бев на многу лошо место – призна музичарот и додаде дека сите овие проблеми на крајот придонеле за распад на неговиот брак со убавата актерка Пол Патон (45).

Двојката беше заедно дури 21 година, од кои девет беа во брак, пред ѕвездата на филмовите „Трафик“ и „Дежа ву“ да поднесе барање за развод во 2014 година.

Присуството на Тики во медиумите се засили откако тој го изведе својот хит „Blurred Lines“ на MTV Video Music Awards во 2013 година – се зборуваше за неговиот „жежок“ настап со Мајли Сајрус (28) неколку дена подоцна.

„Таа година, моето претерување го достигна својот врв“, рече Робин, кој заврши на суд поради песната. Семејството на починатиот пејач Марвин Геј го тужеше за кршење на авторските права, а судот потврди дека Тики во синглот користел делови од песната на Марвин „Got to Give It Up“ од 1977 година. Тој мораше да плати отштета од пет милиони долари.

– Поради таа судска постапка започнав да злоупотребувам апчиња и алкохол. Отпрвин, земав лекови за болка во грбот, но работите едноставно излегоа од контрола. Славата и стресот си го направија своето. Повикот за будење беше смртта на татко ми, па решив да се вратам на вистинскиот пат. Среќен сум што ова темно поглавје е зад мене денес – вели музичарот, кој со својата поранешна сопруга Пол го има синот Џулијан (10), а со својата вереница Април Лав Гири (26) ги доби ќерките Миа Лав (2), 21-месечната Лола Ален и двомесечното момче Лука Патрик.