Microsoft се обидува да го подготви најголемото преземање во својата историја: пред неколку месеци тие се обратија до управата на Pinterest и започнаа разговори за можна зделка.
Pinterest е социјална мрежа која поврзува многу широк спектар на интереси од разни хобија до професионални услуги или производи.
Декорација на домови, градење куќи, свадби, храна, чамци, возила … Постојат различни заеднички именители интегрирани во платформата Pinterest, чијашто пазарна вредност за време на пандемијата достигна 51 милијарда долари по раст од 600 проценти. Pinterest во моментов сигнализира дека би сакале да останат независна компанија.
Силниот пораст на цената на Pinterest може да биде проблем за Microsoft, но не премногу голем. Со оглед на тоа дека Microsoft исто така порасна за 80 проценти за време на пандемијата, Pinterest достигна само три проценти од вредноста на „Мајкрософт“ од 1,83 милијарди долари со својата капитализација.
Потенцијалното преземање на „Pinterest“ од компанијата од Редмонд може да биде интересен тест за администрацијата на Џо Бајден, кој веројатно ќе се обиде да го спречи растот на моќта и влијанието на големите високо-технолошки компании.
Досега, Microsoft не беше под толку силни критики од политичарите како Google или Facebook, затоа што во нивната стратегија за раст тие повеќе се фокусираа на продажба на деловни субјекти и на државата, а помалку на потрошувачите. Microsoft веќе покажа желба да ја прошири својата деловна активност кон потрошувачите кога се обиде да ја купи TikTok, популарна кинеска апликација што администрацијата на Трамп беше принудена да ја продава, пишува „Јутарњи лист“.
Клучни аквизиции на Microsoft во последниве години беа аквизиција на „LinkedIn“ за 26 милијарди долари во 2016 година и „GitHub“ и „Minecraft“. Тие минатата година го купија „ZeniMax“.
Pinterest има база на податоци од 459 милиони корисници, а податоците што Microsoft може да ги собере за слики од интерес на корисниците на Pinterest, може да станат нов значаен ресурс за маркетинг стратегиите на познатата компанија.
Минатата недела, Pinterest објави 76% зголемување на кварталните приходи.