По Шилегов, и Маричиќ на мета на Апасиев

од Берта Китинска
411 прегледи

Пратеникот од Левица,  Димитар Апасиев на социјалните мрежи повторно упати навредлив коментар овјопат кон министерот за правда Бојан Маричиќ. Објавата гласи: Маричиќ, ГНИДО ОКУПАТОРСКА!

Апасиев вчера упати навреди и кон градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, откако неговото возило беше подигнато од скопската пајак служба поради непрописно паркирање.

„А бе ШИЛЕЏЕ, несреќо скопска. Па шо не кажуеш у јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место у зграда, на скопјани си им наплаќал 5% ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18%, без притоа да има никакви законски измени у меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој кошта 2.000 ЕUR, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок!!! Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?“, напиша Апасиев на Фејбук.

 

 

Слични содржини