Граѓаните ќе можат преку два механизми да се пријават за вакцинација

од Берта Китинска
284 прегледи

Граѓаните ќе можат преку два механизми да се пријават за вакцинација, напиша  на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Има два механизми за вакцинација. Првиот е преку матичниот лекар кој ја испитува волјата на пациентот, а вториот е преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, а тие треба да ги известат и прашаат своите пациенти за вакцинирање. Низ разговор треба да направат мини анамнеза за да ја знаат моменталната здравствена состојба на граѓанинот. Улогата на матичните лекари е многу важна и го вреднуваме нивниот труд и работа, напиша министерот.

Слични содржини