Меѓународен тим експерти тврди: Коска од крава докажа дека глаголицата не е најстарата буква на Словените

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Меѓународна група научници тврди дека глаголицата не е најстарата азбука на Словените, но дека станува збор за германска руна.

Како доказ за ова тврдење, тимот научници започнал од врежана коска од крава од седмиот век, пренесува Индекс.хр и наведува дека станува збор за скршена коска од крава пронајдена во јужна Чешка во 2017 година, што ја проучувале научници од Чешка, Австрија, Швајцарија и Австралија.

„Тоа е најстариот пронајден натпис меѓу Словените“, рече водечкиот истражувач, археологот Јири Махачек од Универзитетот Масарик во Брно.

Објаснето е дека меѓународниот тим користел генетско и радиојаглеродно тестирање за да ја утврди староста на коската.

„Овие чувствителни анализи покажаа дека коската припаѓа на домашно животно кое живеело околу 600 година“, рече член на научната група, Зузана Хофманова, аналитичарка на швајцарскиот универзитет во Фрибург.

Роберт Недома од Универзитетот во Виена го идентификуваше натписот како рунско писмо што ја користеле германските говорители во Централна Европа од 2 до 7 век.

Се состоела од 24 карактери, а последните седум биле испишани во анализираната коска, велат научниците.

„Веројатно тоа беше целата рунска азбука на коската. Значи, тоа не е посебна порака, веројатно е помагало за наставата“ велат експертите.

Слични содржини