По инфекцијата со Ковид-19, имунитетот трае најмалку девет месеци?

од Nikola Popovski
152 прегледи

Сè уште не знаеме колку трае имунитетот по вакцинирањето против Ковид-19, но сигурно знаеме дека оние кои биле заразени се заштитени, односно имуни меѓу девет и 10 месеци, изјавил добро познатиот италијански вирусолог Андреа Крисанти.

Според неговите зборови, оваа информација е добиена во истражување спроведено меѓу жителите на општините во регионот Венето, каде беше откриен првиот случај на инфекција со Ковид-19 во Италија, на 21-ви март минатата година.

Професорот Крисанти вели дека откриле дека луѓето кои се заразиле со инфекцијата во првиот бран на пандемијата, а потоа стапиле во контакт со заразени лица кои се разболеле во вториот бран, не само што не се заразиле, туку било откриено дека тие личности развиле уште повеќе антитела.

„Значи, имунитетот на оние кои имале инфекција трае најмалку девет месеци, а многу веројатно и подолго“, заклучли Крисанти.

Професорот Андреа Крисанти стана познат по својата стратегија против Ковид-19, која штотуку беше спроведена во општина Венето.

Тој сугерираше да се изврши масовно тестирање на популацијата, а не да се чека да се појават првите симптоми на инфекцијата.

Благодарение на тоа, Венето имаше релативно мал број на заразени и мртви во првиот бран на пандемијата во споредба со другите италијански региони.

Слични содржини