Третото основно обвинителство во Белград ѝ наложи на полицијата да го доведе на испитување лидерот на српската партија. ЛДП, Чедомир Јовановиќ, поради истрага покрената против него, откако тој минатото лето, ги нападна сопственикот на клиниката за рехабилитација „Физио центар“ во Нов Белград, Жарко Ивковиќ и неговиот консултант Дејан Дубајиќ.
Потерницата за апсење следеше откако Јовановиќ не одговори на поканата за сослушување, која полицијата му ја достави на 29 јануари.
Поради тоа, Јовановиќ ќе биде однесен на распит придружуван од полицијата на следното закажување, кое ќе биде закажано, било соопштено денес во Третото основно обвинителство.
Да потсетиме, против Јовановиќ е поднесена кривична пријава за нанесување полесни повреди на сопственикот на „Физио центарот“, кого го нападнал веднаш откако бил пуштен од болницата во која првпат се лекувал по инфекцијата со коронавирус.