300
Демократската Република Конго денес го потврди третиот случај на ебола оваа недела во провинцијата Северен Киву, изјави локалниот министер за здравство Јуџин Нзанзу Салита.
Случајот е откриен во градот Бутембо, во поранешното жариште кое се појави во јуни, објави „Ројтерс“.
Илјадници луѓе починаа од ебола во Конго во претходните години.
Инфекцијата се појави во 2018 година, а Светската здравствена организација објави во јуни 2020 година дека повеќе од 2.000 луѓе починале за две години, објави веб-страницата на американското национално радио.