Поминаа точно десет години откако Вејн Руни му донесе победа на Јунајтед во градското дерби со Сити со спектакуларните „ножички“.
Помина една деценија, но сеќавањето на величествениот погодок на Вејн Руни не згаснува.
Поранешниот капитен на Јунајтед им донесе победа на „ѓаволите“ во градското дерби против Сити во 2011 година со прекрасните „ножички“ и го турна својот тим кон новата титула шампион на Англија.
Подоцна голот беше прогласен за најубав во историјата на Премиер лигата, а нам ни останува да се потсетиме и да уживаме во снимките од оваа мајсторија.