Се чини дека Ким Кардашијан дефинитивно се откажа од бракот со Канје Вест. Имено, таа беше видена без венчален прстен, а Денот на вљубените има намера да го прослави без раперот.
Ким наводно ги прекинала скоро сите контакти со Канје, а Денот на вљубените целосно ќе го посветен на децата – ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.
„Таа е одлично. Го организира одбележувањето на Денот на вљубените со децата и семејството. Нема контакт со Канје. Очигледно е дека во моментот е фокусирана исклучиво на својата иднина“, откри извор близок на поранешните сопружници, објави „Дејли Меил“.
И додека Ким очигледно продолжува понатаму, Вест наводно е огорчен бидејќи за нивниот развод ќе се зборува и во семејното реално шоу. Последната епизода од „Во чекор со Кардашијанс“ ќе се емитува на 18 март, а Ким ќе се осврне и на бројните проблеми што ги имала во бракот, поради што Канје не е воодушевен.
Се шпекулира дека старлетата веќе ја ангажирала адвокатка за развод Лора Вејсер, со цел што побрзо да се стави крај на бракот, а Канје неодамна од нивната заедничка вила во Лос Анџелес однел 500 пара свои патики.