Шведска ја одложува вакцинацијата на лицата над 65 години

од Nikola Popovski
162 прегледи

Шведската влада има за цел да ја вакцинира целата популација против коронавирусот до крајот на јуни, но се чини дека луѓето над 65 години ќе треба да чекаат подолго од предвиденото, бидејќи не им се препорачува да ја примат вакцината на Оксфорд / Астра Зенека, а испораките на Фајзер / Бионтек и Модерна доцни. Министерката за здравство, Лена Халенгрен рече дека, и покрај пречките, шведската влада сепак планира да обезбеди вакцини за сите жители постари од 18 години во текот на првите шест месеци од оваа година. Во Шведска досега се вакцинирани нешто повеќе од 330 000 лица, а обете дози на вакцината се дадени на над 100 000 лица.

Шведска им се придружи на Германија, Франција, Италија и Полска, кои исто така препорачаа вакцината, изработена од Универзитетот во Оксфорд и Астра Зенека, да не им се дава на луѓето над 65 години, бидејќи тие веруваат дека не е ефикасна за оваа возрасна група и покрај тоа што Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината за употреба во сите возрасни групи.

Според „Еуроњуз“, Полска дополнително го намали овој праг на возраст до 60 години, а претседателот на Франција изјави дека вакцината е „скоро целосно неефикасна“ за старите лица. Властите во Франција и Шведска велат дека вакцината треба да се дава само на лица на возраст под 65 години и дека „оваа препорака ќе се преиспита кога ќе станат достапни дополнителни податоци“ за нејзината ефикасност кај постарите лица.

Министерката за здравство Лена Халенгрен рече дека, и покрај препреките, шведската влада сепак планира да обезбеди вакцини за сите жители постари од 18 години во текот на првите шест месеци од оваа година.

„Не постои ништо што укажува на тоа дека нема да можеме да го сториме, под услов да ни бидат доставени дозите за кои имаме потпишано договори“, рече таа.

Според изјавата на SKR, чадор организација за сите 290 општини и 21 регион во Шведска, програмата за вакцинација ќе може да се забрза веднаш штом пристигнат дополнителните залихи.

Како пренесува „The Local Sweden“, шефицата за здравствена заштита при SKR вели дека доцнењето на испораките значи дека луѓето постари од 65 години ќе започнат со вакцинирање подоцна, иако требаше да започнат на почетокот на февруари.

„Затоа, ќе треба да се направат повеќе вакцинации во вториот квартал од планираниот период“, рече таа.

Засега, Шведска е сè уште во првата фаза од програмата за вакцинација, што значи дека вакцините се даваат на корисници на домови за стари лица и на оние кои имаат право на домашна нега, како и на лицата кои се грижат за стари лица и на оние кои го делат домаќинството со нив.

Слични содржини