ОФИЦИЈАЛНО: Лазаров е новиот селектор на ракометната репрезентација

456 прегледи

Кире Лазаров е нов селектор на македонската ракометна репрезентација, откако ја доби подршката од Управниот одбор на РФМ.

Актуелниот капитен на националниот тим и убедливо најдобриот ракометар во историјата на Македонија го прифати предизвикот да биде и селектор.

„Сакам да се заблагорам на претседателот и УО за подрката, без размислување го прифатив овој предизвик за мене. Македонија не сум ја одбил, така и во оваа ситуација. Не очекува голема одговорност, работи кои заедно ќе ги направиме. Се надевам на успешна и долгорочна соработка во иднина“, беа првите зборови на Лазаров.

Тој ќе дебитира на клупата на репрезентација веќе во март, кога не очекува двомеч со Данска во квалификациите за ЕП.

Слични содржини