„Јас сум вонземјанин“: Неочекувана порака на Маск на социјалните мрежи

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Милијардерот Елон Маск напиша „Јас сум вонземјанин“ во разговор со индискиот претприемач Кунал Шах на социјалните мрежи.

Маск ја напишал таа порака на Твитер, откако Шах претходно се запраша како е можно некој да води истовремено четири компании во вредност од над 500 милијарди долари.

Шах алудираше на фактот дека Маск е централна фигура во „Тесла“, „ПејПал“, „Спејсекс“, „Невралинк“ …

На неочекуваниот одговор на Маск, Шах напиша „ентропијата е потврдена“.

Одговорот на милијардерот, кој е познат по повремени необични објави на Твитер, предизвика стотици коментари, а некои корисници напишаа дека „Маск гради вселенски брод поради тоа, со цел да се врати на својата планета“, пренесува РТ.