Путин: Претседателите на САД ја кршат заклетвата што ја даваат на Библијата

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Традицијата на американските политичари да се колнат на Библијата не е во согласност со поддршката за истополови бракови, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„На што се заколнуваат американските претседатели пред својот народ? На Библијата. И што вели Библијата? „Сите се еднакви пред Бога“, истакна рускиот лидер на средбата со главните уредници на руските медиуми, пренесува телевизијата „Русија 24“.

Путин, исто така, истакна дека во Библијата, бракот е заедница на мажи и жени.

„Тој се заколнува на Библијата и ја крши (заклетвата). Значи, тој ја крши заклетвата пред американскиот народ“, рече претседателот.

Путин заклучи дека има многу противречности во овие работи.

„Тоа не значи дека треба да го земеме нивниот пример“, нагласи рускиот лидер, додавајќи дека секоја нација, како и секој човек, има своја судбина.