Емисијата Saturday Night Live, една од најпопуларните во САД, посвети дел од својата епизода на поп принцезата Бритни Спирс.
Водителот на програмата ги спомена Бритни и документарецот на „Њујорк Тајмс“ Framing Britney Spears, наведувајќи дека е време Америка да зборува за новите проблеми и ослободување на поп принцезата која со години е под старателство на нејзиниот татко.
Покрај емисијата, по премиерата на документарецот, многу холивудски sвезди ја поддржаа поп принцезата. Меѓу нив се и Сара Џесика Паркер, Кејси Мастгрејв, Сем Смит итн.
Да потсетиме, Бритни ја изгуби својата способност за работа во 2008 година и оттогаш нејзиниот татко и адвокат имаат законско право да ја следат и да донесуваат одлуки во врска со нејзините финансии, здравството, деловните договори и приватниот живот.