231
Вчера во 21.10 во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ц. од Скопје, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а се обидел и со остар предмет да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.