Уапсени 718 курдски активисти во Турција

од Берта Китинска
142 прегледи

Турските власти уапсија 718 лица, вклучително и членови на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), под сомнение за поврзаност со забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), обвинети за убиство на 13 Турци во Ирак, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција .

„За време на претресот беа запленети многу оружје, документи и дигитален материјал на (терористичката) организација“, соопшти Министерството, додавајќи дека операциите во 40 градови низ целата земја сè уште траат.

ПКК, која е обележана како терористичка организација во Турција, ја потврди смртта на група затвореници, но ја отфрли верзијата на Анкара. Курдските сили тврдат дека затворениците биле убиени во турските воздушни напади.