Во своето гостување во „Топ тема“, Д-р.Виктор Исјановски го посочи процесот на имунизација, односно распоредот по којшто ќе работат здравствените центри во земјава.
„Во договор со Министерството за здравство, најголемиот товар ќе го земе Здравствениот дом Скопје,во поглед на процесот на имунизација, кој ќе стартува со вакцинацијата во среда со здравствените работници. Поликлиниките ќе работат од 8 до 20 часот за вакцинација. Потребна беше прераспределба од Букурешт во Ѓорче Петров, поради децата кои одат на редовна вакцинација, со цел да не дојде до мешање. Од 13:30 до 20 часот, ќе работат уште четири поликлиники. Се уште нема одлука во однос на старите лица кои не можат да дојдат во Здравствените домови и да се вакцинираат, но идентично како и вакцинацијата за сезонски грип, ако биде побарано ќе има мобилен транспорт. Утре ќе бидат во модуларната болница 8 сестри и 4 доктори, тимови кои ќе ја стартуваат вакцинацијата утре“, истакна Исјановски.