Вработен во обложувалница си ги присвоил парите од уплата на тикети

од Nikola Popovski
235 прегледи

МВР соопшти дека 23-годишен скопјанец добил кривична пријава поради затајување.

„Пријавениот А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа,  на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000,00 денари, оставајќи ја благајната на уплатно- исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое што бил вработен за 95.000,00 денари“, објавија од МВР.

 

Слични содржини