Општина Аеродром реагираше на, како што велат, секојдневното прозивање на опшината од страна на портпоролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Ја разбира очајната потреба на господинот Наум Стоилковски секојдневно да ја прозива општината и да очекува соодветен одговор за да си даде своевидна важност, со оглед дека јавноста апсолутно не го „есапи“, односно неговото време, како дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ набргу истекува.
Што се однесува до објавениот конкурс за „наградна сторија“ поврзана со европските вредности, стандарди и проекти на локално ниво, Општина Аеродром е во директна комуникација со ЗНМ и работи на изнаоѓање соодветна етичка форма на негова натамошна реализација, и искрено не планиравме да одговориме на личните прозивки.Но со оглед тоа што Стоилковски има отидено предалеку, односно почна да изнесува груби невистини и небулозни корупциски квалификациишто се однесуваат на работата на општината, решивме да му се обратиме со следново:
Господине Стоилковски, вие сте последниот квазиновинар во оваа држава што има право да повикува на етика и морал во новинарството. Вие како некогашен (не)зависен новинар (односно актуелен зависен портпарол) сè уште живеете во едно друго политичко време кога се поткупуваа новинари за разлика од сега што ќе се наградуваат за професионално завршена работа и информирање на јавноста.
Воедно, во ваш стил, со неколку прашања би ви одговориле:
– Дали со повикот за новинарска сторија е прекршена некоја законскаодредба?
– Дали кога ЕУ и друга меѓународни организации или невладини организации распишуваат повик значи влијание врз уредувачката политика?
– Дали сите компании што се огласуваат во медиумите влијаат врз уредувачката политика?
– Зошто веднаш мора да се прејудицира негативен пристап?
– Дали сте свесен дека терминот „поткуп“ е во целосна спротивност со транспарентниот пристап преку конкурс за секој да може да учествува, без ограничувања и без дискриминација по медиуми – отворен е за сите што сакаат и промовираат европски вредности?!
– Се прашуваме, а сосема и нам и вам ни е јасно дека доколку одредени политички субјекти имаат матрица за поткуп на новинари, тоа секако не е мотивот на општината?!
– Ако не сте сè уште известен, ќе ве известат деновиве дека Општина Аеродром против вас како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено кривична пријава за лажно обвинение во однос на потрошени средства за ангажман на ПР-агенција, и покрај тоа што со вистината сте одамна запознаен како и јавноста дека за ПР-активности Општина Аеродром во изминатите три години, па до денес нема потрошено ниту еден денар!
– Дали новинарите што се под ваша контрола и што по дифолт, пишуваат стории само со негативна содржина се вистински новинари или сепак е можно во оваа држава да се објавуваат и новинарски позитивни приказни?!
– Еве ќе ве прашаме, иако вам ви е сосема јасно дека во изминатите неколку години има низа примери кога огромен број организациипокренале вакви проекти и во чии рамки се наградувале новинарски стории, што е всушност маката на вашето излегување на прес петпати за три недели на тема Општина Аеродром?!
Одговорот на последново ни е познат, ама за да не бидеме исти, еве ќе бидеме доволно фер и ќе оставиме сам да одговорите на сите поставени прашања“, стои во реакцијата на општината.