Петтиот сет мерки е продолжение на досегашните четири сета мерки, што се покажаа дека имаа придонес за ублажување на ефектите од кризата, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.
–Уште при носење на буџетот кога го проектиравме издвоивме 50 милиони евра средства како програма за Ковид, исклучиво за мерките и веќе петтиот пакет мерки според динамиката предвидува во рамки на тие 50 милиони евра да се реализираат во текот на првата половина од годината, зависно од тоа како ќе тече реализацијата на истите мерки што ги проектираме. Беше најавено и минатата година, како што ќе следи годината ќе имаме соодветна корекција на буџетот, односно ребаланс, доколку има потреба во реализацијата на дополнителниот сет средства, зависно од тоа како ќе течат економските движења, рече Бесими.
Тој додаде дека за локалните избори ќе нема финансиска пречка и дека во Буџетот има средства за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот.
, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарско прашање за барањето од Државната изборна комисија за дополнителни средства за набавка на терминали за отпечатоци од прст за локалните избори.