Обвинетите Сашо Мијалков и Горан Грујовски знаеле за тоа какви податоци се чуваат во системот за следење на комуникациите и какви последици може да донесе нивното објавување. Затоа одлучиле сами да го уништат овој систем „Најс трак“, посочи во завршните зборови, обвинителката Ленче Ристовска во случајот „Таргет тврдина“.
„Обвинетиот Мијалков, како би оневозможил да се поврзе дека објавените разговори потекнуват од системот за следење на комуникаци во УБК со искористување на своето влијание и службена положба побарал од обвинитетиот Горан Грујоски да изврши службено дејствие што не би смеало да се изврши и да организира и спроведе ништење на системите за следење на комуникаци „Веринт” и „Најс”, иако не постоело реална потреба од ништење на системот „Најс”, посочи Ристовска.
Ристовска вели дека обвинетиот Мијалков, во својата одбрана потврдил дека бил запознат со ништењето на системите и дека е не спорно оти тој ги дал насоките за ништење на системот „Најс”.
„Ништењето на опремата на УБК се извршувало на два наврати во 2015 година. Активностите за ништење на ова опрема започнуваат на почетокот на 2015 година. Сведокот Сашо Трајковски, појасни пред Суд дел од разговорот со Горан Грујоски „уште да го спакуваме системот со документи и ќе го ништим”. Така и се случило. Веднаш по 9 февруари 2015 година, кога прв пат јавно се објавуваат материјалите од незаконското следење на комуникациите, Горан Грујоски им дал налог на помладите инжиниери и текничари во УБК, системот „Веринт” кој се наоѓал во систем салата на 4 кат да биде изнесен и симнат во гаража“, се вели во завршните зборови на Ристовска.