Реџепи: Законот за личните карти нема да биде поттик за поголема поделба по етничка основа

од Берта Китинска
378 прегледи

Етничката графа во личната карта  не е од сега, таа е резултат уште од уставните промени каде преку разговори  тогаш имавме договор дека ќе биде вклучена етничката определба во овој документ, изјави Кастриот Реџепи од Беса, во Топ тема на Телма.

-Законот нема да биде поттик за поголема поделба по етничка основа со оваа дозвола тој што ќе сака да се идентификува со ова ќе има вредност плус. Ако сакаме граѓански концепт не треба во Уставот да бидат наброени имињата на етничките заедници, а ние ги имаме наведено , потоа ние веќе на некој начин етничката определба ја имаме во евиденција со самиот попис каде може да се искаже етничката припадност, вели Реџепи.

Тој додаде дека законот е во процедура и дека ќе може да се дебатира за да се семни во однос за оние кои нема да сакаат да ја истакнат етичката припадност во личните карти.

Слични содржини