Обвинителката, Ленче Ристоска посочи дека во текот на спорот, докажано е дека обвинетите ги сториле делата за кои се товарат и покрај пречките кои биле дел од рочиштата за случајот „Таргет Тврдина“.
„Имајќи ги предвид последниците од кривичните дела и импактот кој овие последици го имаат како на животите на лицата чии комуникации биле незаконски следени, така и на целокупните општествени процеси, сметаме дека нема пречка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујоски и Надица Николиќ, како создавачи на групата, да бидат изречени максимални казни затвор за секоја од кривичните дела кои им се ставаат на товар“, истакна Ристоска.
Претходно, во дел од завршните зборови, таа посочи и дека свесно Мијалков и Грујовски кој е во бегство, го уништиле системот за следење на комуникациите „Најс трак“, со оглед на тоа што биле свесни што содржи истиот и кои ќе бидат последиците ако истото биде обелоденето.
Обвинителството, исто така, посочи дека судот, не треба да ги прифати приговорите на одбраната дека за дел од обвинетите од страна на претседателот на државата е донесена одлука за нивни помилување, која беше поништена во април 2016 година, и за обвинетите побара максимални казни.