Царовска: Се постигнува успешна соработка помеѓу компаниите и стручните училишта

од Nikola Popovski
119 прегледи

„Заедно со локалните компаниите, средните стручни училишта од Крива Паланка и Кратово и градоначалниците Борјанчо Мицевски и Љупчо Бојаџиев, денес разговаравме за потребата од отворање на нови барани профили во стручните училишта уште од идната година. Целта на овие средби е заеднички да ги идентификуваме профилите со што ќе го обезбедуваме потребниот кадар којшто е важен за развој, но и за економијата на локално и на регионално ниво“, соопшти министерката за образование, Мила Царовска.

Царовска истакна дека со средбите се постигнува успешна соработка помеѓу компаниите и стручните училишта.

„Како резултат на овие консултации некаде ќе се отворат дуални паралелки, а некаде ќе се интензивира феријалната пракса со присуство на учениците во самите компании“, објасни министерката.

На средбата присуствуваа претставници од реалниот сектор од Крива Паланка и Кратово, директори од средните стручни училишта од овие два града и градоначалниците на Крива Паланка и Кратово Борјанчо Мицевски и Љупчо Бојаџиев.

Слични содржини