Цистерна се преврте на патниот правец Гостивар – Маврово, АМСМ предупредува за внимателно возење

Кај Новоселски мост, на патниот правец Гостивар- Маврово се преврте цистерна, по што патот се одвива само по една коловозна лента, информираа од Автомото сојузот на Македонија.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција.

Од АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација.

Слични содржини