На вечерачниот натпревар Милан без шест стартери, Ибра од клупата само по потреба

од Stefanija Kuzmanovska

Се ближи почетокот на натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“. Тимот на Звезда е повеќе или помалку познат, но сè уште е непознато со кои играчи ќе излезе Стефано Пиоли.

„Росонерите“ вешто ги кријат картите, но сите италијански дневни весници се согласуваат дека ќе ја изведе формацијата 4-2-3-1 со дури шестмина фудбалери кои не припаѓаат во групата на т.н. стартери: Донарума – Калулу, Томори, Ромањоли, Хернандез – Бенасер, Меите – Кастиљехо, Круниќ, Ребиќ – Манџукиќ.

Според овие најави, може да се заклучи дека кормиларот на Милан ќе ги поштеди, барем на почетокот на натпреварот, Ибрахимовиќ, Чалханоглу, Салемајкерс, Кесија, Калабрија и Кјера.

Некои италијански медиуми играат и на картата на односите на Балканот. „Хрвати во Белград, Пиоли мора што побрзо да излезат од маглата“, е насловот кој утрово ги поздрави читателите на Gazete delo Sport како најава за вечерашниот дуел меѓу Милан и Црвена звезда во Белград.

Gazete delo Sport предвидува дека ќе го видиме Ибрахимовиќ на Маракана во второто полувреме, како и неколку стартери, бидејќи Пиоли, секако, сака да ги одмори за дербито со Интер.

Слични содржини