Балашевиќ сè уште e на Инфективна, позната неговата здравствена состојба

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој неодамна беше примен на Инфективна клиника поради пневмонија, се чувствува добро. Според најновите информации на порталот „Нова.рс“, здравствената состојба на музичарот е стабилна и не е во животна опасност.

„Балашевиќ е надвор од животна опасност. Тој успешно се лекува на клиниката и засега сè е во ред. Доколку неговата состојба остане како што е во моментот и нема промени, тој треба наскоро да биде пуштен на домашно лекување“, изјавил извор на порталот близок до семејството Балашевиќ.

Да потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ се лекувал дома од симптоми на пневмонија десет дена пред да биде примен во болница. Кога неговата состојба се влошила, тој превентивно бил примен на Клиниката за инфективни болести.

Слични содржини