Мицкоски: Амбасадор на соседна земја има сериозна забелешка за националноста во личните карти

од Берта Китинска
193 прегледи

Има сериозна забелешка од амбасадор на наша соседна држава околу предлогот за запишување на националноста во личните карти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, без притоа да прецизира за која соседна држава се работи.

Тој го повика премиерот Зоран Заев до Собрание да го достави предлог законот со европско знаменце. Без притоа да прецизира за која соседна држава се работи

-Ако навистина Зоран Заев сака тоа да го направи, бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце, еве зошто тоа не го направи сега и да го достави законот во рамките на Собранието со европското знаменце, да можам јас да се идентификувам себеси како Македонец.Еве зошто тоа не го направи ако навистина има толкава желба. Еве зошто тоа не го направи туку преку оние кои што им обезбедуваше логистика и друг тип на помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО–ДПМНЕ и како што тој вели да ја спаселе Македонија од Христијан, а пак доколку освојат пратеници тие пратеници ќе му бидат ставени на услуга на Зоран Заев еве сега гледаме тие пратеници му се на услуга на Зоран Заев со 100 илјади, двесте амандмани правата филибастеринг на предлог законот., рече Мицкоски.