Министерот за здравство, Венко Филипче денес оствари средба со Сојузот на здруженијата на пензионери, по нивно барање.
„На средбата зборувавме за прашања од сферата на здравствена заштита на пензионерите, за грижата која ја искажуваме кон нив со укинување на квотите за лековите, бесплатна вакцинација против сезонски грип за нив, бесплатно болничко лекување за пензионери со ниска пензија“, објави министерот Филипче на својот фејсбук профил.
Меѓудругото тој посочи и дека на средбата станало збор и за ковид вакцинацијата која започна во нашата земја.
„Апелирав дека од голема важност е пензионерите да се вакцинираат, против коронавирусот бидејќи се во најризичната група и најголем дел од нив се со хронични заболувања, пишува министерот Филипче“, заклучи Филипче во својата објава.