Во рамки на своето гостување на Тв21, пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска се соочи со пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска.
На обвинувањата од Стојановска дека мнозинството кое е актуелно е загрозено, Петровска посочи дека напротив мнозинството и Владата се стабилни.
„Тоа парламентарно мнозинство од опозицијата се најавува уште од првиот ден од ова мнозинство, кое е стабилно. Но, за демократија тоа е нормално. Замина времето кога пратениците беа уценувани и кога ја слушаа само партијата. Апсолутно тоа не ја доведува во прашање довербата на Владата и парламентарното мнозинство“, посочи Петровска.