Фајзер и Бионтек ја тестираат вакцината врз бремени жени

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

„Фајзер“ и „Бионтек“ започнаа меѓународна студија со 4.000 учесници за проценка на ефективноста на нивната вакцина против коронавирус врз здрави бремени жени.

Бремените жени се изложени на поголем ризик од развој на тешка форма на Ковид-19, а многу здравствени работници посочија дека некои жени во ризични професии земаат вакцини против коронавирус дури и без докази дека се безбедни за нив.

Минатата недела, Националниот институт за здравство на САД повика на поголемо учество на бремени жени и доилки во истражување на вакцините против коронавирус.

Биоетичарите, експерти за вакцини и здравје на мајки, со години тврдат дека бремените жени треба да бидат вклучени рано во испитувањата со пандемични вакцини, така што тие не треба да чекаат долго откако ќе се покажат ефикасни за пошироката јавност.

Меѓутоа, и покрај ваквите барања, бремените жени беа исклучени од големите американски испитувања за добивање одобрение за итна употреба на вакцината против коронавирус.

Тоа е затоа што производителите на лекови рекоа дека прво треба да обезбедат побезбедни и поефикасни вакцини за пошироката јавност.

Во САД, регулаторите бараат од производителите на лекови да спроведат безбедносни студии врз бремени животни пред да ги тестираат вакцините на бремени жени за да се осигурат дека не му штетат на фетусот и дека не можат да доведат до спонтан абортус. Компаниите рекоа дека тие студии не откриваат нови ризици.

„Бремени жени во САД веќе ги добија првите дози на вакцината“, соопштија „Фајзер“ и „Бионтек“.

Новата студија ќе тестира бремени жени на возраст од 18 години и повеќе во САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Мозамбик, Велика Британија и Шпанија.

Жените ќе ја примаат вакцината помеѓу 24-та и 34-тата недела од бременоста и ќе земат две дози на растојание од 21 ден, како што беше направено во поголемоти клиничко испитување.

„Набргу по породувањето, учесниците кои примаат плацебо во студијата ќе имаат можност да ја примат вистинската вакцина“, посочија од „Фајзер“ и „Бионтек“, пишува CNBC.

Слични содржини