Европратеникот и известувач за Северна Македонија на Европскиот парламент, Илхан Ќучук во емисијата „Трилинг“ истакна дека Договорот е добар темел за зборот заедничка историја и дека само низ разговор за заедничката историја може да го погледнеме заедничкото минато.
-По темницата доаѓа светлина, јас гледам големи можности во бугарско-македонските односи бидејќи блокадата на никакво начин не помага ниту на ЕУ, ниту на Бугарија ни на Македонија.Ние како политичари треба овие прашања да ги поставиме на една многу подобра перспектива.Треба да се поврати вербата во Договорот тоа е многу добра основа за решавање на некои историски прашања и за поставување на една добра перспектива пред двата народи. Довербата беше изгубена во обете страни. Дури би рекол дека беше нарушена. Време е таа да биде повратена за да можат сите политичари на маса да ги вратат прашањата за преговори. Нема лесни разговори кога темата е историја. Сметам дека Договорот е добар темел за зборот „заедничка“ историја. Само со разговор за заедничката историја може да погледнеме низ заедничкото минато, вели Ќучук.