Емотивно простување од Балашевиќ од болницата: Докторка на скафандерот ги носи имињата на неговите песни (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Целиот Балкан беше потресен од тажната вест во петокот попладне – нè напушти панонскиот морнар, големиот Ѓорѓе Балашевиќ. Емотивните пораки на жалење за таквата огромна загуба се нижеа една по друга, а меѓу нив се издвојуваше едно многу емотивно видео кое беше направено во болницата, во црвената ковид зона, објави „Телеграф.рс“.

На социјалните мрежи кружи видео во кое д-р Снежана Зуркиќ се простува од Балашевиќ во скафандер.

Таа најпрво покажа срце пред камерата, а потоа го сврте грбот за да се видат имињата на песните на Балашевиќ напишани на скафандерот – Ne lomite mi bagrenje, Kad odem, Život je more.

За тоа време, во позадината се слуша една од најпознатите песни на Балашевиќ – Ne volim januar.

@snezanazurkic

#djordjebalasevic

♬ Ne Volim Januar – Đorđe Balašević

Слични содржини