Ќе се проценува дали треба да се набави и руската вакцина против Ковид-19

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против Ковид-19.

– Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи,
додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посета на новата модуларна болница во Велес.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање „зошто нашата држава досега ја игнорира руската вакцина“ вчера истакна дека не се работи за никакво игнорирање туку станува збор за сериозност кон претходно потпишаниот договор со „Ковакс“.

– Ако имате предвид дека сте ставиле потпис во „Ковакс“ системот, па дури сте авансирале 20 проценти и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директно договор со „Фајзер“, тогаш мора да ги имате предвид и да ги калкулирате овие количини. Конкретно одговорност е кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис, дури и парите или авансите да не се исплатени, ако сте ставиле потпис морате да ги искалкулирате сите количини. Не смееме да дозволиме, се работи за скапа, многу важна работа. Се работи за огромни народни пари и не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност во постапките за набавка на вакцини, потенцира тој.

Слични содржини