На својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека сеамо за неколкку часа на повеќе од 300 локации собрале 25.000 потписи од граѓаните.
-Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации. ВМРО-ДПМНЕ и народот собраа 25 илјади потписи за неколку часа. Благодарност до сите што се потпишаа. Македонија не сака фалсификат попис. Народот се потпишува против фалсификат попис. Продолжуваме и утре!Јасна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев.
Потпис за вистински европски попис!, напиша Мицкоски.
Денска на плоштадите во сите градови, ВМРО ДПМНЕ постави штандови кадешто во следните 20 дена од граѓаните со личен потпис очекуваат поддршка со која ќе се спротистават на планот за попишувањето во април.