Започна вакцинацијата во Црна Гора

од Берта Китинска
152 прегледи

Штитеникот на Домот за стари лица „Грабовац“ во Рисан, Владимир Шдериќ, ја прими првата доза на вакцина против вирусот корона, и тој е првата личност во Црна Гора која е вакцинирана.

Како што беше соопштено од Институтот за јавно здравје, екипите на таа институција и Здравствениот дом Котор ја дадоа првата доза на вакцината на лекарите од домот – Никола Поповиќ и Дамир Адровиќ.

„Започнува најважната фаза во борбата против пандемијата“, објави Институтот на Твитер.

Првите 2.000 граѓани ќе добијат вакцина Спутник V, која Србија и ја донираше на Црна Гора. Првите 2.000 дози пристигнаа пред два дена, а 2000 ревакцини треба да пристигнат во наредните денови.

Вакцинацијата треба да се продолжи кога ќе пристигнат вакцините Синофарм донирани од Кина.

Како што најави министерот за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, 30 000 дози од таа вакцина треба да пристигнат до крајот на февруари.

 

Според проценките, на Црна Гора и требаат најмалку 248 000 дози вакцина, како што се бара преку програмата Ковакс, со цел да се вакцинираат 20 проценти од населението во две дози.