Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека авионот со кој се доставуваа вакцините на компанијата „АстраЗенека“ во Србија.
Авионот слета нешто пред 8 часот.
– Со овој авион пристигнаа 150.000 вакцини „АстраЗенека“ од Истанбул и ние, заедно со ОАЕ, стануваме единствената земја во светот што има на располагање 4 вакцини, рече претседателот на Србија и им се заблагодари на своите европски и светски колеги за соработката.
– За ова требаше многу работа, на нашите пријатели од Велика Британија и нас, го молев Борис Џонсон и многу други во британските власти, и им благодарам за помошта и тоа што сакаа да не слушнат. И им благодарам што вакцините „АстраЗенека“ пристигнуваат многу порано отколку во многу земји, рече претседателот.