Сите полнолетни лица во Велика Британија ќе им биде понудена вакцина против Ковид до 31 јули, рече премиерот Борис Џонсон.
Повеќе од 17 милиони луѓе примиле барем една доза на вакцина од почетокот на кампањата за вакцинација на почетокот на декември, објави Би-Би-Си.
Џонсон сега вели дека сака планот да оди побрзо и подалеку.
Посои дека понудата на вакцини на целото население до јули ќе им овозможи да бидат заштитени што е можно побрзо, а во исто време ќе значи олеснување на мерките низ Велика Британија.
Шефот на Националната здравствена служба, Сајмон Стивенс изјави дека има „рани индикации“ дека масовната вакцинација довела до пад на хоспитализирани пациенти.
Премиерот на Велика Британија треба да одржи состанок со членовите на владата за тоа како ќе бидат ублажени мерките, пред во понеделник да направи „конечен патоказ“ за ублажување на мерките.
Претходниот план на владата беше да се понуди вакцината на сите возрасни граѓани до крајот на септември, а според новиот план, до 15 април, сите лица над 50-годишна возраст, како и помладите со хронични болести, треба да имаат можност да ја примат вакцината.
Малку е веројатно дека ограничувачките мерки ќе бидат ублажени пред 8 март, кога според очекувањата на владата, децата треба да се вратат на училиште.